ЕК не го стави коронавирусот на листата на крајно опасни за работниците, синдикатите реагираат
Европската комисија соопшти дека донесе одлука да не го класифицира новиот коронавирус на максималното ниво на опасност предвидено со законот за заштита на работниците, на големо незадоволство на сидникатите, јави дописникот на МИА.
Европска директива од 2000 година за заштита на работниците од ризици поврзани со изложеност на биолошки агенси при работа, воспоставува скала на сериозност/опасност на бактериите и вирусите на четири нивоа.
Групата Еден е најмалку опасна, односно „веројатноста да предизвикаат болести кај луѓето е мала“. Групата Четири е најопасна, покрај тоа што предизвикува сериозни заболувања, „претставува сериозна опасност за работниците“ и претставува „висок ризик од ширење во заедницата“.
Комитетот за технички напредок (составен од Комисијата и експерти од земјите членки) „даде позитивно мислење да го вклучи Ковид-19 во списокот (…) како ризик од групата Три“.
Одлуката се очекува да стапи на сила некаде во јуни, откако Европскиот парламент и Советот (кој ги претставува сите земји-членки) имаат еден месец да се спротивстават на одлуката. Оваа одлука предизвика незадоволство кај синдикатите кои во претходните денови ја повикаа Комисијата да го стави коронавирусот во најризична група.
За европските синдикати, би било совршено соодветно да се класифицира коронавирусот во највисоката категорија „не само заради отсуство на ефикасен третман или вакцина, туку и затоа што постои висок ризик од пренесување вирус од страна на работниците во контакт со јавноста “.
Сепак, изборот на европските власти не ги спречува земјите-членки да им дадат на вработените поголема заштита отколку за заштита на ниво Три, се додава од синдикатите.
Ново на Сител
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава
-
Приватните превозници возат редуцирано – ги чекаат парите од Град Скопје
-
За 3000 евра македонски државјани војувале за Русија
-
Дали после празниците не очекува пикот на грипот?
-
Преглед на вестите од светот