ЕК инсистира на координирано отворање на границите
По најавената можност да се отворат австриските граници за германските туристи, Европска комисија инсистира на координирано дејствување на земјите-членки на Европска Унија.
ЕК соопшти дека идната недела надлежниот комасар Тјери Бретон закажа видео-конференција со министрите за туризам на ЕУ, кои ќе ја анализираат престојната летна сезона.
Контролите на внатрешните граници на ЕУ би требало да бидат завршени на координиран начин, штом епидемиолошката ситуација во соседниот регион доволно конвергира и правилото за физичка дистанца е доволно раширено односно одговорно се применува, се наведува во соопштението на ЕК.
Исто така се посочува дека ограничувањата за патувања треба да бидат олеснети помеѓу подрачјата во кои најмалку е раширен новиот коронавирус.
Европската институција за превенција и контрола на болестите (ЕЦДЦ) во договор со земјите-членки на Унијата ќе подготви листа на таквите региони.
ЕК ќе подготви предлози за сообраќајните врски во Европа, со цел да се планира сообраќајот за време на летните одмори.
Брисел инсистира враќањето на слободата за патување да биде спроведено постепено.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија
-
Транспортерите од Западен Балкан чекаат по 10 часа на граница за влез во Унијата