ЕК: ЕУ се приближува до климатската цел за 2030 година
Земјите од Европската Унија се на добар пат да ги намалат емисиите на штетни стакленички гасови за 54 проценти до 2030 година, приближувајќи се до целта на ЕУ од 55 проценти, соопшти денеска Европската комисија.
Проценката се базира на националните планови за клима и енергија во кои земјите-членки треба детално да објаснат како планираат да ја постигнат долгорочната цел на блокот да станат климатски неутрални до 2050 година и да ги намалат емисиите за повеќе од половина до 2030 година во споредба со нивоата од 1990 година, пренесе ДПА.
Комисијата ги повика земјите-членки да останат на курсот и целосно да ги спроведат своите планови.
– Емисиите од 1990 година се намалени за 37 проценти, додека економијата порасна за речиси 70 проценти – докажувајќи дека климатската акција и растот одат рака под рака, рече комесарот на ЕУ за климата, Вопке Хоекстра.
– Сега мора да градиме врз основа на овој моментум, нагласи тој.
– Инвестирањето во чисти технологии и иновации е од суштинско значење за индустриската конкурентност и отвора нови пазари за компаниите од ЕУ. Нашата посветеност на чистата транзиција им дава јасност на инвеститорите и ја зајакнува отпорноста и просперитетот на Европа рече Хоекстра.
Тој нагласи дека сега е одлучувачки момент и оти секој сектор во секоја земја-членка мора да придонесе за реализација.
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна