Едногласно изгласано самораспуштање на хрватскиот Парламент, следуваат избори
По неполни четири години работа, едногласно се самораспушти десеттиот состав на хрватскиот парламент.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека парламентарните избори ќе се одржат на крајот на април или почетокот на мај, но пред европските избори.
Одлуката за распуштање на Парламентот е донесена едногласно, со 143 гласа, додека претседателот на Саборот Гордан Јандроковиќ се заблагодари за соработката.
Собранието пред распуштањето донесе измени на казненото законодавство со кои како кривични дела се воведуваат фемицидот и неовластено објавување содржина од истражни и доказни дејствија, т. н.
протекување информации. Десеттиот состав на парламент беше конституиран на 20 јули 2020 година. Новото, 11.
свикување на хрватскиот Сабор ќе се избира на парламентарни избори, кои ќе ги распише претседателот на Републиката, Зоран Милановиќ.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Крушево
-
Црвен крст Центар домаќин на вториот регионален натпревар по прва помош
-
Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
-
Мицкоски ќе информира за договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Русија и Белорусија планираат заеднички воени маневри
-
Над 15 000 ученици ќе полагаат државна матура, најголем интерес и годинава за тестот по англиски јазик
-
Променливо облачно, во западните делови повремен локален дожд
-
Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен