Едно лице загина, девет се сериозно повредени во торнадо северно од Париз
Едно лице загина и најмалку девет се тешко повредени откако торнадо синоќа погоди област северно од Париз.
Префектурата Вал-д’Оаз рано утрово соопшти дека едно лице починало, четири лица се во критична состојба, а уште пет се во сериозна состојба по невремето во Ермон, во северните предградија на Париз.
Локалната временска апликација Météo Express објави снимка која покажува торнадо како соборува три крана.
– Ненадејно и невообичаено интензивно торнадо погоди неколку градови во Вал-д’Оаз, при што едно лице загина, а неколку други се сериозно повредени, напиша францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњес на X.
Локалната префектура соопшти дека 150 пожарникари, припадници на служби за итни случаи и полицајци се распоредени во Ермон и блиските Ебон, Андили, Монморанси и Франконвил.
Во меѓувреме, 1.700 домаќинства од рано утрово останаа без струја, пренесе ДПА.
МИА
Ново на Сител
-
Трамп за самитот со Путин: Не сакам да имам залуден состанок
-
Без струја повеќе делови од Скопје
-
Русија го нападна Киев со балистички проектили
-
Силен земјотрес во Костарика
-
Загина припадник на српска падобранска единица при вежби во Ниш
-
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Голема акција во прилепската болница: Повеќе лица на раководни позиции приведени поради сомнежи за злоупотреби
-
Кос: Лага е дека одлуката на Советот на ЕУ ќе го спречи трансферот на гас до Србија