-->
-->
Едно лице потешко повредено кога возило на АРМ се превртело кај Соколарци на патот Штип-Кочани
-->
Едно лице е потешко повредено во сообраќајна незгода што се случи кај надвозникот кај Соколарци на експресниот пат Штип - Кочани, јавува МИА. Во сообраќајната несреќа едно возило на АРМ се превртело на коловозот.
Од Армијата за МИА потврдија дека се случила сообраќајна незгода, но повеќе детали најавуваат за подоцна.
Повредениот од Болницата во Кочани е префрлен во Болницата во Штип.
Поради сообраќајна несреќа што се случила околу 13 часот во прекин е сообраќајот за сите возила, а сообраќајот се пренасочува по локалниот патен правец од Соколарци кон Кочани и обратно.
На местото на несреќата се врши увид, а а интервенирале возила на Итната медицинска помош и на ТППЕ од Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта