Едно лице почина, а три лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа
На 31.07.2021 во 03.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат с.Јосифово-с.Удово, на место викано „Расадник“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со валандовски регистарски ознаки, управувано од Т.Г.(33) од с.Удово и патничко возило „рено меган“, со валандовски регистарски ознаки, управувано од З.М.(43) од с.Удово.
На местото на незгодата починал Т.Г., додека З.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Сопатниците во возилото „ауди“, С.П.(23) и И.Н.(23), двајцата од с.Удово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Струмица. Увид на местото извршиле екипа на СВР Струмица и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра