Едно избирачко место воопшто не е отворено, во останатите гласањето се одвива непречено

До 9:00 часот утрово излезеноста за повторните локални избори во општина Врапчиште е еден процен или гласале 272 лица, во општина Гостивар 0,93 проценти или 651 гласач, во Маврово - Ростуше 2,89 отсто или 306 лица, додека во општина Центар Жупа 0,75 проценти или гласале 57 избирачи, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Како што рече портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, на избирачките места кои се отворени навреме, гласањето тече непречено, без поголеми тешкотии. Поради временските прилики со задоцнување се отворени неколку избирачки места, а избирачкото место 0782 во Ќафа не е воопшто отворено.
- Избирачкото место 0571 во Центар Жупа е отворено со задоцнување од 40 минути, а избирачките места 503, 512, 513, 529 и 533 во Гостиварско се отворени со задоцнување од повеќе од еден час. Гласањето почнало со задоцнување и во избирачките места 0478 во Сенче и 0496 во Орѓуш, општина Маврово - Ростуше. Како што е познато, според Изборниот законик, онаму каде што гласањето е прекинато и прекинот трае еден до три часа, гласањето ќе се продолжи колку што траел прекинот. Избирачкото место 0782 во Ќафа не е отворено и засега таму гласањето не се одвива. Ќе видиме што ќе се случува во текот на денот, напомена Тодоровска Алексовска.
Денеска се гласа на вкупно 215 избирачки места, а право на глас имаат 128 286 избирачи.
МИА
Ново на Сител
-

Објавен Коментар на Законот за општа управна постапка - важен за Сејф сити и сите управни постапки
-

Опожарен продажен објект во Куманово
-

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти
-

Ќе бидат обележани околу 150 „црни“ точки на скопските улици за поголема безбедност во сообраќајот
-

Во Дебарско лани се родиле 148 бебиња, од нив 132 во Општина Дебар и 16 во општина Центар Жупа
-

Од компликација од грип почина 62-годишен маж
-

Приведен 51-годишник од Пепелиште, при претрес пронајдени се 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал документација
-

Град Скопје блокираше 18 илјади сметки за неплатен данок на имот
