Македонија
5. February 2026 - 16:58

Објавен Коментар на Законот за општа управна постапка - важен за Сејф сити и сите управни постапки

Се одржа промоцијата на публикацијата „Коментар на Законот за општата управна постапка“, во издание на АЦТ! ДОО.

На настанот се обратија автори и промотери на изданието, меѓу кои уставната судијка и универзитетска професорка д-р Ана Павловска-Данева, како и министерот за јавна администрација Горан Минчев и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Публикацијата нуди стручно и практично толкување на клучните одредби од законот, значајни за примената во работата на институциите и правната пракса.