-->
-->
Една година условна казна за неврохирургот Чапаровски
-->
Поранешниот директор на Клиниката за неврохирургија во Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ Александар Чапаровски денеска на првото судско рочиште призна вина и доби условна казна од една година, која нема да се изврши доколку во следниве две години не стори ново кривично дело.
Чапаровски во мај минатата година беше пријавен за примање поткуп. При извршениот претрес во неговата работна канцеларија и во неговиот дом беа пронајдени поголема сума денари и девизи.
По ова, Чапаровски беше приведен и помина 13 дена во притвор. Потоа судија на претходна постапка му го укина притворот и тој беше пуштен со гаранција да се брани од слобода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апелација: Васил Јованов осуден со 3 години и 10 месеци затвор за претходно дело
-
Се заглавил во машина за правење бетон, 35-годишен работник од Бангладеш загина во кратовско
-
Семејството на Васил: Васил го украл автомобилот
-
Наставник со тврд предмет тепал ученик во средно училиште во Кочани
-
Попов: Точно е дека на 18-години направив грешка која, за жал, имаше последици
-
Герасимовски: Ja отстранувамe дивата депонија во Буњаковец, следува дезинфекциja
-
Јанев: Над 240 лажни дојави за поставени бомби
-
РКЕ: ЕВН Хоме да ги корегира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови