Единствена Македонија: Ако Ќосето е дивоградба, Шилегов можеше да го легализира со 1 евро по м2
Партијата „Единствена Македонија“ го осуди отстранувањето на споменикот на Андон Јанев Ќосето. Од таму велат дека се изненадени од брзопотезноста на Петре Шилегов.
На изјавата на Шилегов, кој рече дека го отстранил споменикот затоа што било констатирано дека е дивоградба, од партијата порачуваат дека согласно законот на Шилегов му стои на располагање можноста да го легализира за 1 евро по м2.
„Изненаденоста и вчудоневиденоста е уште поголема од најавата на Петре Шилегов дека ќе посадува дрво посветено на човековите права од членот 10 од Декларацијата за човекови права за праведно судење, со што сакал да испрати порака дека правдата е непристрасна. Ова од причина што, во услови кога на дело е обидот за завршен удар за обезличувањето и бришењето на македонскиот народ во контекст на спорот за името, Петре Шилегов треба да постави изгравирана плоча и да прати порака восмисла на член 1 од Повелбата на Обединетите нации, член 1 од Универзалнатадекларација за човековите права, член 1 од Меѓународниот пакт за граѓанските иполитичките права и член 1 од Меѓународниот пакт за економските, социјалните и културните права во кои се вели дека сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права и дека сите народи имаат право на почитувањена начелата на рамноправност и самоопределување на народите да го определат својот политички статус вклучително и правото на македонскиот народ да го носи името – Република Македонија“, велат од партијата на Јанко Бачев.
Ново на Сител
-
Џака нема дозвола од Баер Леверкузен за трансфер во Милан
-
Лалана ја заврши кариерата
-
Карлос Саинц ја повлече кандидатурата за претседател на ФИА
-
Тркалезна маса во МАНУ „Геополитичкиот пејзаж и проширувањето на ЕУ: Перспективи за Северна Македонија и другите земји-кандидатки од Западен Балкан“
-
Фон дер Лајен ги повика унгарските власти да ја повлечат забраната за Парадата на гордоста
-
Руте: Целиот НАТО, вклучувајќи ги и САД, е посветен на борбата на Украина против Русија
-
САД ја продолжија вонредната состојба на Западен Балкан на уште една година
-
Трамп: САД следната недела ќе разговараат со Иран за неговата нуклеарна програма