Еден загинат во сообраќајна незгода на патот Кичево - Гостивар
Едно лице загина во сообраќајна незгода што се случи на магистралниот пат Кичево - Гостивар во близина на селата Колибри и Длапкин Дол.
Полицијата соопшти дека несреќата се случила вчера во 14:25 часот, а од здобиените повреди во Општата болница во Гостивар починал Шеза Ј.(76) од селото Колибари.
Сообраќајната незгода се случила кога Шеза Ј. управувајќи патничко возило „мерцедес“ сакал од локалниот пат од селото Колибари да се вклучи на магистралниот пат Кичево-Гостивар, а од левата страна на неговото возило, удрил патнички автомобил „ауди“ кој се движел кон Кичево. Возилото го управувал К.А. (22), а сопатници биле Н.А. (45) и А.А.(43), сите од кичевското село Премка. Тројцата биле пренесени во Општата болница во Кичево каде им биле констатирани лесни телесни повреди.
На местото на несреќата извршен е увид во присуство на јавен обвинител и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Кичево.
По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот денеска ќе биде извршена обдукција и дополнително вештачење врз возилата.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија