Еден починат и еден тешко повреден во тепачка меѓу повеќе лица во Прилеп
На 14.10.2020 во 20.38 часот во СВР Битола било пријавено дека во населба „Тризла“ во Прилеп бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе лица, соопштија од МВР.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и било утврдено дека настанала физичка пресметка помеѓу две групи и со повреди од остар предмет се здобил Е.Б.(31) од Прилеп, констатирани во Општа болница Прилеп, додека едно лице не давало знаци на живот.
Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт кај Т.Б.(42) од Прилеп.
По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе се врши обдукција.
Во врска со настанот во полициска станица биле приведени М.Л.(39), Џ.Л.(54), С.А.(23), М.А.(25), Ш.А.(35) и С.К.(20), сите од Прилеп.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
При интервенцијата, полициски службеник пукал двапати во воздух за да ги спречи лицата во понатамошната пресметка.
Ново на Сител
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди