Еден осомничен за предизвикување опасност со пожар кај Катланово
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека предизвикал опасност со пожар кај Катланово.
- На 11 март, во атарот на селото Катланово каде што бил ангажиран како овчар, осомничениот, иако знаел дека постои реален ризик да се предизвика опасност, запалил оган кој се проширил од ветрот што довело до опожарување на површина од 4,7 хектари од кои еден дел била дабова шума и ниска вегетација. Со пожарот била причинета штета проценета на околу 196.000 денари, оопшти денека Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител од судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје побарал да бидат определени мерки на претпазливост – обврска осомничениот повремено да се јавува во Судот и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Ново на Сител
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели