-->
-->
ЕЦБ: Бугарија не ги исполнува критериумите за еврозоната
-->

Бугарија и другите шест земји, кои се кандидати за пристапување кон еврозоната, не ги исполнуваат условите за членство, пишува во соопштението на Европската централна банка, пренесува бугарскиот весник „Труд“
- Бугарија, Чешка, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија и Шведска ги исполнуваат повеќето од економските критериуми, но никоја од нив не ги исполнува сите барања кои се предвидени во договорот, вклучително и оние за правна конвергенција, посочуваат од ЕЦБ, дополнувајќи дека ниту во една од седумте земји правната рамка не одговара целосно на сите барања за влез во зоната на единствена валута.
Од банката истакнаа дека „ќе помине време пред еврозоната да вклучи уште членки, кои ќе се придружат на сегашните 19 земји“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најстудено на Попова Шапка, Битола и Крива Паланка
-

Трамп: Данска не ја елиминира руската закана по Гренланд, време е да се направи тоа
-

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба
-

Кошта најави вонреден Самит на ЕУ посветен на случувањата околу Гренланд
-

Најмалку 39 луѓе загинаа во железничка несреќа во Шпанија
-

Автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии
-

Православните верници го слават Богојавление-Водици
-

Студено и сончево, минималната температура - 8, максималната 6
