ЕБОР ќе ги имлементира препораките од Бернската конвенција за НП Маврово

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) по деталните консултации со ЕЛЕМ и соодветните власти во Македонија, целосно ги прифаќа препораките на Заседавниот комитет на Бернската конвенција, поврзани со Националниот парк Маврово, информираат од ЕБОР.
Оттаму посочуваат дека ќе ги разгледаат резултатите од стратешката еколошка проценка на кумулативните влијанија на сите планирани развојни активности на територијата на паркот, при донесувањето на одлуката за финансирање на проектите за хидроцентралите во паркот.
- Во ноември 2011, Бордот на директори на ЕБОР, оддобри 65 милиони евра кредит на ЕЛЕМ, за изградба на хидроцентралата Бошков мост во Националниот парк Маврово, во случај проектот да ги задоволува сите применливи еколошки услови и стандарди. Немаме направено никакво префрлување на средства, се вели во соопштението од канцеларијата на ЕБОР во Македонија.
Ново на Сител
-

Мицкоски: За реконструкција уште не е разговарано меѓу партиите
-

Се одложи судењето за Веаповска
-

Преглед на вестите од светот
-

Во тек е акцијата за генерално чистење на Скопје
-

Конституиран советот на Град Скопје
-

Скопје добива и градски воз
-

Директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието, Илија Стоилев се уште во полициска станица
-

Бројот на пациенти со карцином на простата во постојан пораст
