Ѕвездата на „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд
Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да го глуми тајниот агент Џејмс Бонд. Актерот го играше Роб Старк во „Игра на тронови“.
Маден ја воодушеви публиката и со својата улога во серијата „Бодигард“ во која го игра наредникот Дејвид Буда, а ја импресионираше и американската продуцентка и „шефица“ на Џејмс Бонд, Барбара Броколи, која наводно се подготвува да му понуди голема улога.
- Изгледа Маден ќе ја добие работата. Не само што е на врвот на листата на Барбара, туку таа е подготвена да му ја понуди улогата, изјави неименуван извор за британскиот весник „Сан“.
Ако тоа навистина се случи, Маден ќе ја надмине конкуренцијата која ја сочинуваат Идрис Елба, Том Харди и Џејмс Нортон.
„Актуелен“ Џејмс Бонд е Даниел Крејг, од кој се очекува да се повлече.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Бугарија врши жестоки притисоци во пресрет на гласањето на извештајот
-
Филипче тврди дека власта има драматичен пад на рејтингот, Мицкоски ја обивнува опозицијата за предавство
-
ВМРО-ДМНЕ и ЗНАМ со заеднички кандидати за градоначалници
-
„Македонско село“ ги отвори портите за посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Позитивни податоци за земјоделството
-
Комплексот Македонско село повторно ги отвори вратите
-
Ребалансот на буџетот на Владина седница