Џулијан Асанж е сериозно болен, тврди неговата мајка
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж има сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи и долготрајна инфекција на белите дробови, изјави денеска неговата мајка во интервју за австралиското радио Еј-Би-Си,
Како што пренесе ДПА, Кристин Асанж изјави дека нејзиниот син навистина е многу болен - има проблеми со срцето, хронична белодробна инфекција и длабока и остра болка во рамото.
Според неа, откако во 2012 година доби азил во Еквадорската амбасада во Лондон тој имал можност само сосема кратко да биде на сончева светлина. Лекарите му препишале преглед со магнетна резонанса и по еден час дневно да минува на сонце, но „Владата на Велика Британија тоа го одбива“, изјави мајката на Асанж.
Еквадорската амбасада во Лондон на Асанж му даде азил за да ја избегне екстрадицијата во Шведска, каде тој е осомничен за извршување сексуални кривични дела.
Од 2014 година се појавуваат различни информации за здравоствената состојба на Австралиецот, потсетува ДПА. Во јули минатата година „Дејли телеграф“ цитираше извори од Викиликс, според кои, Асанж има аритмии, хронична кашлица и висок крвен притисок. Оттогаш неговите адвокати даваат оценки дека здравјето му е кревко.
Еквадорските власти инсистираат на негово привремено ослободување од одговорност за да може да му се извршат прегледи.
Ново на Сител
-
Приведен кумановец за поседување дрога, при претресот на домот констатирале и дека краде струја
-
Преброени 31,07 отсто од гласовите на албанските избирачи, во убедливо водство партијата на Рама
-
Реални се шансите за раст меѓу 3,5 и 4 отсто во првиот квартал, смета Мицкоски
-
Лишен од слобода тетовец затоа што управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта
-
Мицкоски: ЕУ останува наша цел, но треба да научите да победувате во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Mинатата недела отстранети 104 непрописно паркирани возила во општина Центар
-
Индија и Пакистан најавија директни преговори