Џонсон: Ова е историска победа и мандат за спроведување на Брегзит
Британскиот премиер Борис Џонсон, по убделивата победа на неговата Конзервативна партија на вчерашните избори, порача дека неговите конзервативци „освоија силен нов мандат за Брегзит да се спроведе до самиот крај“.
-Сметам дека ќе се покаже дека ова беа историски избори кои ни дадоа шанса, во новата влада, да ја испочитуваме демократската волја на британскиот народ, истакна Џонсон.
Тој наведе дека тоа е и шанса Велика Британија да се промени на подобро и да го ослободи потенцијалот на сите луѓе во земјата.
-Пред се, сакам да им се заблагодарам на луѓето што излегоа на декемвриските избори кои не сакавме да ги распишеме, но кои, сметам, станаа историски, изјави Џонсон, пренесен од британските медиуми.
Според последните податоци на Би-Би-Си, Конзервативната партија освои 364 мандати во 650-члениот парламент, додека Лабуристичката партија 203.
Резултатите од изборите се уште се бројат, а „Политико“ оценува дека овој резултат претставува голема лична победа на Џонсон и значи дека Велика Британија сигурно ќе ја напушти ЕУ, на крајот на јануари.
Ова е најголема победа на ториевците во последните 30 години, а подобар резултат освиои само „железната лејди“ Маргарет Тачер, на изборите во 1983 година кога освои 397 мандати, пишува „Гардиан“.
Истовремено, лабуристите го постигнаа најлошиот резултат од 1935 година, а нивниот лидер Џереми Корбин се соочува со барања за оставка.
Ново на Сител
-
Саркози во затворот Ла Санте добил смртни закани
-
Ден на македонската револуционерна борба
-
Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно
-
Октомвриски Самит на ЕУ во Брисел, меѓу темите Украина, Блискиот Исток о одбраната
-
Најмалку девет мртви и пет повредени лица во експлозија во фабрика за оружје во рускиот град Копејск
-
Облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта повремен локален дожд
-
Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје поради атлетска трка
-
Шведска може на Украина да и продаде помеѓу 100 и 150 борбени авиони „Грипен“