-->
-->
Џиновски астероид се движи кон Земјата, нема начин со кој луѓето би можеле да го спречат ударот
-->

– Земјата е релативно неподготвена за удар од ваков астероид, немаме никаква одбрана, ако тоа се случи и тоа ќе биде со размери на оној кој го предизвикал исчезнувањето на диносаурусите. Вакви астероиди наидуваат, да речеме, еднаш во 50 или 60 милиони години. Може да кажеме дека сега е времето за такво нешто, рече Нут.
Се смета дека диносаурусите изумреле пред околу 66 милиони години, по удар на астероид широк 10 километри кој паднал во областа на Мексиканскиот Залив.
Најблиски „средби” со астероид во поновата историја, Земјата имала во 1996 и во 2014 година.
– Доколку астероидот не не одмине, веројатно не би имале доволно време да се подготвиме за ударот. За евентуално уништување на астероидот, би биле потребни барем две вселенски мисии, додава Нут.
Според него, за Земјата има технологија со која можеме да се промени движењето на астероиди од речиси секаква големина.
– Прва задача би била испраќање роботска сонда која би го погодила астороидот, а следната мисија би била споредна и би вклучувала „гравитациски траектор“, односно вселенски брод што ќе лета до астероидот и ќе го поттурнува подалеку од Земјата со помош на гравитација, објаснува натаму научникот.
Тој нагласува дека таквата стратегија веројатно ќе функционира на астероиди со широчина до 400 метри.
– За поголеми астероиди би биле потребни неколку удари со сонди, заклучи Нут.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски од „Ѓорче Петров“ најави капитални инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајот и квалитетот на живот
-
Бројот на жртви од уривањето на училиштето во Индонезија се зголеми на 36
-
Кампања на МОН „Магијата е во знаењето“: Да го вратиме сјајот и достоинството на професијата наставник
-
Коњановски: Коалицијата „Твоја Македонија“ ќе има мнозинство во Советот на Општина Битола
-
Путин: Испораката на американските ракети „Томахавк“ на Киев ќе ги уништи позитивните трендови меѓу Русија и САД
-
Две малолетни деца убиени и уште две тешко ранети во Тексас, се истражува семејна врска во трагедијата
-
Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето
-
Сиљановска-Давкова учествува на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони“