-->
-->
Џијан Емин ќе настапи во Франција со Националниот оркестар де Лорен и Дерик Меј
-->
Македонскиот музичар Џијан Емин на 24 март ќе настапи во Мец, Франција, како диригент на Националниот оркестар де Лорен, заедно со диџејот Дерик Меј - еден од пионерите на детроитската техно-сцена. На концертот ќе гостува Франческо Тристано, композитор и пијанист од Луксембург.
Проектот е најавен како еден од најинтересните во последно време во францускиот град, кој ќе се обиде да ги замагли границите помеѓу двата универзума - електронската и класичната музика, а кои се чини се спротиставени.
Првата концертна соработка на Џијан Емин и Дерик Меј беше во Охрид, во Античкиот театар во 2014 година, и од тогаш двајцата уметници со различни оркестри настапуваат во Европа, САД и Австралија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Невреме проследено со силен ветер и крупен град во Дојран
-
Кривичен го одобри во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“
-
При претрес кај 21-годишник пронајдена марихуана, кокаин и пиштол | ФОТО
-
Јаневска: Развиваме нова образовна квалификација - специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност
-
Авионот на Вучиќ е приземјен во Баку, летот прогласен за небезбеден
-
Во сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди се здобил малолетник
-
Мерц по средбата со Макрон: Сите членки на ЕУ мора да ги зголемат издвојувањата за одбраната