Џејми Ли Кертис: „Медена земја“ е зачудудувачки филм
– Познатата холивудска актерка Џејми Ли Кертис на своите профили на Инстаграм и на Твитер објави дека „Медена земја“ е зачудудувачки филм.
– Колку совршен момент за овој филм. „Медена земја“ е зачудудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум, објави Ли Кертис.
„Медена земја“ годинава е номиниран за два оскари и тоа во категориите „најдобар документарен филм“ и „најдобар странски филм“.
Петте номинирани филмови за најдобар документарец покрај „Медена земја“, се и „Американска фабрика“, „Пештерата“, „Доба на демократија“ и „За Сама“.
За најдобар странски филм, покрај покрај нашиот, номинирани се и „Корпус кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција, „Болка и слава“ од Шпанија и „Паразит“ од Јужна Кореја.
Церемонијата на 92-то доделување на оскарите ќе се одржи на 9 февруари во Лос Анџелес.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сара Миленковска
-
Енергетски колапс: Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија со часови без струја
-
Пеколни горештини - Пијте вода, внесувајте електролити, контролирајте го притисокот апелираат лекарите
-
Шетаат змии низ Скопје: Две лица за една недела завршија на Инфективна
-
Таравари во понеделник ќе ги разреши економските директори на здравствените установи
-
Утре седница за избор на нова влада
-
Жените на македонската политичка сцена
-
Овчеполието повторно без вода за наводнување, посевите интензивно се сушат