Македонија
21. јуни 2024 - 16:33

Жените на македонската политичка сцена

Три жени ќе делуваат во новата Влада, од вкупно 24 членови на кабинетот. 38 во законодавниот дом, од вкупно 120 пратенички столчиња. Поразителна е и бројката на мајки на градовите. Само 2,5 проценти од градоначалничките фунцкии им припаѓаат на жени. Се додека партиите не изградат комуникација без дискриминација, ќе биде ниска застапеноста на жените во политичкиот свет, предупредуваат експертите.

Жените во политиката се најчесто таргети на говор на омраза, укажува и Извештајот на Институтот за комуникациски студии.

Родово-базираното насилство во политиката најчесто ги таргетира жените не поради нивните политички ставови, туку поради тоа што се жени, со крајна цел да ги спречи да бидат слушнати и активни во јавниот дискурс.

Нападите врз жените не е новина за македонската политичка сцена за овие двојни избори.

И заклучоците од набљудувањето на ОДИХР на претседателските и парламентарните избори во 2024 година упатуваат на недоволна застапеност на различни избрани и именувани позиции, во комбинација со случаите на притисоци и онлајн-напади врз политичарки, што значи и недоволни напори на властите и политичките партии да се справат со трајните родови стереотипи што го попречуваат учеството на жените во политиката.  И покрај двојното зголемување на застапеноста на жените во парламентите на глобално ниво, се проценува дека постигнувањето родова еднаквост во законодавните тела би можело да се оствари најрано во 2063, што не ја исклучува и состојбата во Северна Македонија, со оглед на тоа што трендот на учеството на жените на високи политички функции не укажува на некои значајни поместувања во последните неколку години. Габриела Лескова