Џастин Бибер го промовираше спотот за новата песна
Џастин Бибер очигледно едноставно не сака да се откаже од разголувањето и од постојаните промени на фризурите.
Ваквата своја страст, 21-годишниот Џастин ја манифестираше и на спотот за новиот одличен сингл, што беше промовиран синоќа.
Станува збор за балада под наслов „I'll show you“, која е резултат на уште една соработка на Бибер со „Скрилекс“, што на пејачот му обебзеди нов позрел звук.
Во песната Џастин пее за тежината на славата и желбата да пронајде некој кој ќе биде искрен со него.
Спотот го прикажува Џастин како шета по убави предели на Исланд и на крајот решава да се искапи во студеното море, облечен само во бели „боксерки“. Долната облека, секако, е со потписот на „Келвин Клајн“, чие заштитно име е Бибер.
Помоцијата на спотот претставува увертира за 13 ноември, кога ќе излезе новиот албум на Џастин „Purpose“, каде ќе се најдат голем број нови песни, но и ремикс од нумерата „What Do You Mean?“ со Аријана Гранде.
Ново на Сител
-
Во Берово најстудено, температура под нулата
-
Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени низ градот
-
Собранието ќе ја започне 16. седница
-
Седница на Уставен суд
-
Првите 100 дена на новата Влада за власта успешни, опозицијата со серија критики
-
Папата Франциск побара прошка за сексуалната злоупотреба и третманот на жените во Црквата
-
Две експлозии во Копенхаген
-
Итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Блискиот Исток