Џафери: Околу прашањето за член на ДИК постапувам според процедури, кога ќе има предлог ќе го ставам на седница на гласање
Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешниот последен брифинг со новинарите годинава истакна дека околу прашањето за избор на член на Државната изборна комисија постапува според процедури и не толкува нечии изјави. Потенцира дека кога до него ќе стигне предлог, веднаш ќе го стави на пленарна седница на гласање.
-Не е тенденција. Им зборувам на тие што зборуваат по конференции дека тоа е така. Треба да обезбедат двотретинско мнозинство, во смисла тие да комуницираат меѓусебно. Не е проблемот во процедура, колку што може да биде проблемот во бројките. Не навлегувам во тоа кој што изјавува. Јас си ги следам процедурите. Моја обрска е да следам процедура, а не да се бавам со толкување на нечии изјави. Јас упатувам на процедура и на правила. Немам потреба да се пуштам во дискусија кон нешто што е јасно и со закон, пропис и процедура. Моја обврска е да следам процедура. Во моментот кога ќе има соодветен предлог што ќе дојде до мене, нема да стои туку ќе оди на седница. Ќе треба да се обезбеди гласање. Деловнички е множно двајца кандидати за член на ДИК да одат на гласање на пленарна седница. Треба да се утврди еден кандидат, но деловнички е можно ако на Комисија не може да се утврди, тогаш е можно на гласање на пленарна седница да се случи ниту еден кандидат да не добие мнознство гласови на Комисија. Но за тоа не се одлучува на Комисија. Тогаш и двајцата кандидати треба да одат или никој нема да добие соодветно мнозинсто и секоја ситуација има свое решение, односно последица и постапка потоа, рече тој.
Џафери истакна дека доколку пропадне изборот на член на ДИК, има време да се распише нов оглас.
-Има време за нов оглас ако пропадне изборот на член на ДИК. Огласот трае осум дена. Собранието донесува одлука да се распише оглас, а за да се донесе одлука треба се одржи седница. Има време да се усогласи и да се избере кандидатот, но има време и евентуално да се повтори огласот, рече тој.
Џафери соопшти дека по основ на Изборниот законик испратил писмо до партијата на Аријанит Хоџа за да предложат кандидат за член на ДИК.
-Членот 27 од Изборниот законик вели „претседателот на Собранието листа на кандидати што ја добива од Комисијата за именувања и избори по огласот, ја доставува до партите во опозиција“. А кои се тие партии во опозиција во актуелниот момент? Јас не сакам да навлегувам во таа дебата, затоа што ќе испадне дека јас давам насоки по однос на толкувањето. Пратеникот Фадил Зендели се обиде тоа да го каже, но тоа има други реперкусија ако навлезам, но јас не сакам да навлезам во толкување на тој дел. Можно е законот да е недоречен до крај по однос на состојбите, меѓутоа формулацијата е „листата се доставува до опозициските партии“ и сега опозициски партии во моментов се тие, рече Џафери.
Посочи дека испразнетото место во ДИК не може да го доведува во прашање легитимитетот на изборниот процес.
-За функционалноста на ДИК соодносот е таков, под претпоставка, затоа се предвидени и такви соодноси за да не може да дојде во ситуација да биде пата-пата. Правно може да функционира. Не смее да се доведе легитимитетот и легалноста на работа на ДИК по однос на тоа прашање, рече тој.
По именувањето на Кренар Лога за министер за правда едно место во ДИК остана испразнето. За член на Државната изборна комисија пријавени се два кандидата - Абдуш Демири, поддржан од албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промени и Зулфи Адили подржан од Европската народна партија на Аријанит Хоџа.
Ново на Сител
-
Преку лажен мејл наводно од ФЗО на граѓани им ветувале исплата на пари ако кликнат на одреден линк
-
Исус покренат со вештачка интелигенција во црква во Швајцарија
-
Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување
-
Тепачка помеѓу пратениците од власта и опозицијата во српското Собрание | ВИДЕО
-
Ана де Армас во врска со посинокот на контроверзниот претседател на Куба
-
Кривична против поранешниот министер за култура Хусни Исмаили за штета на Буџетот од 31 милиони денари
-
Донација од шест електрични автобуси на ЈСП утре и купување на уште 120 за јавниот транспорт по општините
-
Ангела Меркел: Ако Украина пристапеше во НАТО во 2008, војната ќе започнеше порано