Македонија
15. July 2021 - 15:24

Џафери му врати на Апасиев: Ти си еден век назад

Откако пратеникот на Левица Димитар Апасиев му укажана на претседателот на Собранието Талат Џафери дека ќе ги враќа материјалите ако повторно му бидат доставени двојазични бидејќи тоа е противуставно, Џафери му порача дека еден век доцни во однос на перцепцијата и разбирањето.

– Немам што да додадам во однос на процедуралното, во контекст на постапката што ја направи во Собранието и не бара дополнителни објаснувања. Во 1996 година имаше 11 години, доцна си дошол на оваа возраст. За среќа ние сме во 21 век, 2021 година и твојата постапка укажува дека си еден век назад во однос на перцепцијата и разбирањето – му одговори Џафери.