Џафери: Како Влада треба да имаме информации за сите прашања што се во надлежност на институциите

Националната безбедност не е баш во ингеренции на Владата, само директорот е во владина ингеренција. Сепак, во секој случај како Влада треба да знаеме и да имаме информации по односните прашања од надлежноста на соодветните институции, порача техничкиот премиер Талат Џафери при денешниот увид во реконструкцијата на автопатската делница од Петровец до Куманово.
Во одговор на новинарското прашање дали нашите институции знаеле дека во државата се произведува софтверот „Предатор“ заради кој фирмата „Сајкрос“ доби санкции од САД, техничкиот премиер рече дека тековно ги прима и ги има сознанијата, меѓутоа, додаде, за времето за кое што зборувате сега не можам да ви одговорам да кажам да или не.
-Во секој случај ако очекувате јас после месец дена да ви кажам дали сум знаел или не, можам да ви кажам дека не сум знаел, а дали знаеле институциите претпочитувам имајќи ја предвид нивната надлежност и должност за работа би требало да имаат такви сознанија и би требало да постапат по таквите сознанија, потенцира Џафери.
Ново на Сител
-

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, 6 степени во Гевгелија
-

Автомобил удри во група пешаци во Англија, има тешко повредени
-

Над 40 тони необележени јајца од Србија уништени на Дрисла
-

Пораз, но вредно искуство за Лука Кипровски
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради 5. издание на трката „Водно 10К"
-

Јемен по втор пат го нападна Израел со ракети
-

Иран се закани дека ќе ги нападне израелските и американските универзитети
