Јемен по втор пат го нападна Израел со ракети

Од Јемен кон Израел вчера беше лансирана ракета, што е втор ваков напад од почетокот на војната во Иран пред еден месец, соопшти израелската војска доцна синоќа.
Дрон бил забележан над јужниот израелски град Еилат, а крстосувачка ракета беше пресретната пред да стигне до израелска територија, пренесе ДПА повикувајќи се на Тајмс оф Израел.
Во саботата наутро, јеменската милиција лансира ракета кон Израел за првпат од почетокот на војната со Иран пред еден месец. Оваа ракета исто така беше неутрализирана од израелската воздушна одбрана.
Милицијата Хути го потврди вечерниот напад во соопштение. Нивната втора воена операција во денот се состоеше од „бараж на крстосувачки ракети и дронови“ и беше насочена против голем број стратешки и воени цели во јужен Израел, објави нивната команда во Сана.
На почетокот на војната, која почна со американско-израелските напади врз Иран кон крајот на февруари, Хутите поддржани од Иран ветија „целосна и непоколеблива солидарност“ со Техеран. Неодамна се зголемија стравувањата дека исламистичката милиција ќе интервенира од Јемен.
Хутите во минатото постојано ги напаѓаа трговските бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив. Овие водени патишта претставуваат клучна врска меѓу Медитеранот и Индискиот Океан и се сметаат за едни од најважните трговски рути во светот.
МИА
Ново на Сител
-

Исчезнат скопјанец најден мртов, до него пронајден пиштол
-

Поевтинуваат бензините, дизелот останува со иста цена
-

Бојчевиќ: Исказот на Јовановски е манипулација за избегнување одговорност, судењето продолжува со изведување докази
-

Врачени благодарници на грчките болници, кои ги лекуваа повредените од трагедијата во Кочани
-

Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на земјава
-

Обвинителство: Заврши увидот во Росоман каде син уби мајка, издадена наредба за обдукција
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп: Никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од мене
