Ѕанакопулос: Нова демократија да каже за кои имиња се има согласено во минатото
Нова демократија да каже кои имиња ги предлагала во преговорите во минатото и со кои сега се согласува, бараат од грчката Влада во одговор на изјавата на портпаролката на опозициската партија која обвини за тајна дипломатија.
- Штом Спираки е толку многу загрижена за „тајната дипломатија“, време е да каже кои имиња ги предлагаше Нова демократија кога преговараше со ПЈРМ? И со кое од овие се согласува денес?, коментира портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во пишаната изјава.
Како што јави претходно дописничката на МИА од Атина, од опозициската Нова демократија, преку портпаролката Мариа Спираки ја обвинија Владата за тајна дипломатија и дека ги држи граѓаните во мрак и побараа Ципрас итно да го извести парламентот за последните случувања во разговорите за името.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Митинг на СДСМ
-
Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ
-
Скапата терапија проблем за лицата со ретки болести
-
Преглед на вестите од светот
-
Ветото ја кочи ЕУ, отпор кон предлогот на Кошта за квалификувано мнозинство
-
Советниците на Град Скопје ја завршија последната седница за нецели 5 минути и заминаа на коктел
-
Мицкоски и Филипче се обивнуваат за црна кампања