Двојно зголемен бројот на претставки што граѓаните од југоистокот ги поднесуваат до Народниот правобранител
Бројот на претставки што граѓаните од Југоистокот ги поднесуваат кај народниот правобранител двојно поголем во однос на минатата година. Само за шест месеци нивниот број се изедначил со бројката која лани била реализирна за цела година. Областите во кои граѓаните се жалат за нарушени права се најразлични, но најголемиот дел од нив се однесуваат на правосудството и урбанизмот.
Од подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Струмица велат дека зголемениот број на претставки покажува дека граѓаните веќе се добро упатени и ги знаат своите уставни и законски права. Потврда за тоа била и успешната реализација од над 50%.
Во првата половина од годината до народниот правобранител претставки пристигнале од целиот регион, но сепак најбројни се граѓаните од Струмица и Гевгелија. По нив следуваат Радовиш и Ново Село.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар