Двочасовен прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Поради изведување работи со минирање на патот А2 Кичево-Охрид, помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани, денеска сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 до 20 минути помеѓу 12 и 14 часот, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Од 15-ти месецов стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Обврската ќе трае до 15 март следната година.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
