Македонија
19. September 2018 - 13:04

Двете лица од Тетово лишени од слобода, ги фатиле со марихуана

Вчера околу 23,20 часот во село Милетино, тетовско сопрено е патничко моторно возило „Хонда“ со тетовски регистерски ознаки, што го управувал Д.М.(23) од Теново, а во кое како совозач се наоѓал и 17-годишник од Тетово.

При преглед на возилото и лицата, пронајдено е најлонско ќесе со марихуана, ризла, филтри и хартија за цигари.

Двете лица лишени се од слобода, се преземаат мерки за расчистување на случајот.