Македонија
27. September 2018 - 21:14

Две жени каснати од кучиња во Скопје

Вчера во 16.20 часот во Полициската станица Центар, Е.К.(27) од Велес пријавила дека истиот ден околу 08.30 часот на улица „Никола Карев“ била касната од куче скитник во пределот на левата натколеница.

Истиот ден во 18.00 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Д.(37) од Скопје, пријавила дека истиот ден околу 07.45 часот на булевар „АСНОМ“ била касната од куче скитник во пределот на двете нозе.