-->
  
  
  
  
	-->
  
  Две малолетнички прегазени кај Бит Пазар, пренесени во болница
  
-->
  
  
Вчера во 19.15 часот на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“ и сервисната улица што се поврзува со бул.„Никола Карев“ во Скопје, патничко возило „шкода фабија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(60) од Скопје, удрило во две малолетнички на возраст од 12 и 13 години од Скопје.
Во незгодата 12 - годишното девојче се здобило со тешки телесни повреди, а 13 - годишното девојче се здобило со телесни повреди по што биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. 
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
  
-->
  
  
  		
		-->
  
	
  
		-->
  
	Ново на Сител
-   
           Во исто време има и грип и Ковид-19
-   
           Винаријата Монтеко го промовираше премиум виното Волкано
-   
           Преглед на вестите од светот
-   
           Филипче обвинува за предизборни притисоци
-   
           Лабудовиќ најавува нов плоштад Феникс во склоп на новата општинска зграда
-   
           Во Охрид премиера на претставата Парите се отепувачка
-   
           Преглед на вестите од светот
-   
           Предлог буџетот е остварлив, само ако парите се насочат кон вистински капитални проекти







