-->
-->
Две малолетнички починале откако со четирицикл излетле од патот во кичевски
-->
На 21. 08.2025 во 18:05 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локален пат во с.Колибари, кичевско, 15-годишна малолетничка од с.Колибари, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од с.Грешница, кичевско.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години