Две лица загинаа во Киев и едно во руската област Ростов во воздушни напади
– Две лица загинаа во украинскиот главен град Киев и едно во руската област Ростов во напади со беспилотни летала во текот на ноќта, соопштија властите.
По нападите избувнале пожари во станбени блокови. Десетици луѓе беа евакуирани.
Едно лице загина во напад со украинско беспилотно летало во Ростовската област, објави вршителот на должноста гувернер на јужната руска област Јуриј Слјусар. Тој подоцна објави дека масовен напад со украински беспилотно летало бил одбиен во шест области на Ростовската област.
Руското Министерство за одбрана, пак, објави дека ноќеска биле уништени 59 беспилотни летала. Речиси половина од нив – 29, биле соборени над регионот Ростов, а 20 – над регионот Астрахан.
Русија и Украина во последните месеци речиси секоја вечер се напаѓаат со дронови.
Ново на Сител
-
Пожарот во „Пулс“ ја зеде 61-та жртва, почина пациентот кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото на Вања негира вмешаност во случајот
-
Тема на денот со Аким Али, претставник на СЗО на Македонија
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен
-
Мицкоски: Анкетната комисија за Кочани, да се прошири и за другите трагедии