Две лица повредени при земјотрес со интензитет од 4,9 степени по Рихтер во Измир
Две лица се здобија со повреди при земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди денеска западната турска провинција Измир и предизвика паника меѓу населението, соопштија официјални лица.
Градоначалникот на Измир информираше дека нема регистрирано поголема материјална штета, освен урнатото минаре на една џамија.
Турската служба за управување со вонредни состојби соопшти дека земјотресот со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во областа Буча во Измир, се случил во 3:29 часот изутринава по локално време.
Најмалку две лица се повредени, откако скокнале од високи места, додека во паника се обидувале да ги напуштат нивните домови, објави министерот за внатрешни работи Сулејман Шојлу на Твитер.
Пред неколку дена Измир ја одбележа годишнината од земјотресот со интензитет 6,6 степени според Рихтеровата скала, кога загинаа 117 луѓе на 30 октомври 2020 година.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Бугарија врши жестоки притисоци во пресрет на гласањето на извештајот
-
Филипче тврди дека власта има драматичен пад на рејтингот, Мицкоски ја обивнува опозицијата за предавство
-
ВМРО-ДМНЕ и ЗНАМ со заеднички кандидати за градоначалници
-
„Македонско село“ ги отвори портите за посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Позитивни податоци за земјоделството
-
Комплексот Македонско село повторно ги отвори вратите
-
Ребалансот на буџетот на Владина седница