Две лица осомничени за грабнување, ОЈО Скопје предлага мерка притвор
Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија на кривично дело „грабнување“.
-Тие на 3 март заедно учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода. Осомничените, на возраст од 30 и 25 години, претходно по предлог на Обвинителството, а со решение на Судот беа задржани во краткотраен притвор во траење од два пати по 48 часа со цел обезбедување докази, информираат од Јавното обвинителство.
Од ЈО посочуваат дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените ќе се обидат да ги скријат или уништат трагите на кривичното дело, ќе влијаат врз сведоците или ќе го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје сега доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Ново на Сител
-
Ако цените од четврток скокнат - ќе има нови мерки!
-
Државна ревизија открива слабости во договорените јавно-приватни партнерства
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека
-
Кочани повод за втора интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Апелационен суд Штип: Бектеши останува во притвор
-
Кос: Македонија е тажна приказна на Балканот која предолго чека влез во ЕУ
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје