Две амбуланти во кумановската болница во реновирани простории
Амбулантите за уво, грло и нос и очната амбуланта од кумановската болница од денеска се сместени во реконструираните простории на поранешното одделение за дијализа.
Воедно, двете амбуланти се поврзани со стационарниот дел на одделенијата за уво, грло и нос и за очното оддделение, така што пациентите нема да имаат потреба да талкаат по болницата.
Двете одделенија се лоцирани на површина од околу 300 метри квадратни. Реконструкцијата која опфаќа промена на фасадата, надворешната и внатрешната столарија и подовите, извршена е со средства на општата болница Куманово, информираше денеска директорот на болницата Ариф Латифи.
- Реконструкцијата е извршена по светски стандарди. Сметаме дека на нашите пациенти ќе им дадеме поквалитетни здравствени услуги. Со спојувањето на амбулантниот и стационарниот дел формиравме систем кој е подобар - и за пациентите, и за вработените, изјави Латифи.
И началаникот на одделението Фадиљ Малиќи, доктор специјалист по оториноларингологија, смета дека со поврзувањето на амбулантата и одделението се постигнува системско давање на здравствена услуга на пациентите.
- Дневно на одделението поминуваат околу 40-ина пациенти. Добро сме опремени, неодамна набавивме ехо апарат, изјави Малиќи.
Началаникот на одделението за очни болести, доктор Али Далипи, изјави дека пациентите ќе почувствуваат бенефит од спојувањето на амбулантата и одделнието.
- Со „Мој термин“ има околу 50-ина дневно, 30-ина пациенти се со приоритет, а мора да се напомене дека и со контролните прегледи бројот на пациенти се искачува на 100-ина дневно, изјави Далипи.
Двајца лекари се на специјализација, така што надлежните од Одделението за очни болести се надеваат дека ќе се доекипираат со стручен кадар.
Од општата болница најавија дека наскоро ќе се реконструира и зградата на рентген, како и специјалистичките амбуланти.
Ново на Сител
-
Репортажа: Една поинаква мистична Турција - Низ срцето на Анадолија со богатства под заштита на УНЕСКО
-
Од почетокот на месец октомври 2.267 сообраќајни прекршоци
-
Францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, Макрон ја прифати
-
Уапсен поранешниот министер за одбрана на Црна Гора
-
Продолжува потрагата по двајца хрватски државјани затрупани во лавина во Словенија
-
Облачно и ветровито до среда, потоа следува стабилизација на времето
-
Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа
-
ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје: Водоснабдувањето постепено се стабилизира, екипите работат на терен