-->
-->
Двајца штипјани приведени поради поседување дрога
-->
Двајца жители на Штип вчера биле лишени од слобода и приведени во полициска станица откако по извршен претрес во нивните домови е пронајдена и одземена марихуана спакувана во четири најлонски ќеси, со вкупна нето маса од околу 350 грама, како и четири паковки амфетамин, една вага и една дробилка.
МВР соопшти дека претресот во домовите на Д.П.(29) и П.Ч.(33) бил извршен по претходно добиени оперативни сознанија за поседување на наркотична дрога марихуана и по обезбедена наредба од Основен суд за претрес на дом и помошни простории.
Се работи на целосно комплетирање и документирање на настанот по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?