-->
-->
Двајца мигранти загинаа, а 10 се повредени во сообраќајка кај Ниш
-->
Двајца мигранти загинаа, а десет други, од кои пет деца, се тешко повредени во сообраќајна незгода што се случи утрово на автопатот Ниш-Белград, соопшти српската полиција.
Несреќата се случила околу 4 часот близу село Дражевац, кога автомобил „Пасат" во кој илегално се превезувале 12 мигранти, удрил во заштитната ограда и се превртел. Повредените со возило од Брзата помош биле префрлени во болница во Ниш.
Мигрантите се од Сирија, Авганистан и Ирак.
- Некои од нив се уште се во животна опасност, а на еден му се ампутирани нозете, изјави директорот на нишката Служба за брза помош, Миодраг Лазиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ССМ на протест за 1 Мај
-
Традиционален пикник за 1 Мај
-
Продолжува предизборната кампања
-
Македонија го чека Палевски
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија