Двајца лесно повредени во експлозија на провладин митинг во Анталија
Во центарот на турскиот град Анталија, синоќа експлодирала рачно изработена бомба, што била оставена на клупа, информира телевизијата Си-Ен-Ен-Турк, цитирана од ТАСС.
Лесно се повредени две лица, кои учествувале на провладин митинг организиран во овој дел од градот. Повредените веднаш биле префрлени во болница. На местото на настанот, што, според полицијата, се наоѓа на 150 метри од Плоштадот на републиката, се изведуваат истражни дејствија.
По неуспешниот обид за преврат, што беше изведен на 15 јули, низ цела Турција се одржуваат митинзи за поддршка на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и владата, а ја имаат паролата „На стража на демократијата“.
Се очекува кулминацијата на овие акции да биде масовниот митинг, закажан за 7 август во Истанбул, забележува ТАСС.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека
-
Кочани повод за втора интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Апелационен суд Штип: Бектеши останува во притвор
-
Кос: Македонија е тажна приказна на Балканот која предолго чека влез во ЕУ
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има