Два последователни земјотреси со различна јачина во Скопје
Два последователни земјотреса вечерва во 19 часот и 53 минути повторно го потресоа Скопје и околината.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,соопшти дека првиот земјотрес бил со магнитуда од 2.4, а вториот од 4 степени според Рихтеровата скала. Почувствувани се во Скопје и околината со интензитет на првиот од III степени и на вториот од VI степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот и на овие земјотреси бил во источниот дел на скопското епицентрално подрачје.
Претходно, земјотреси со магнутуиди од 2,3 и 3,7 степени според Рихтеровата скала го потресоа Скопје денеска во 11.50 минути и во 14.19 минути.
Денешните четири земјотреси се дел од серијата потреси што го погодија Скопје и околината во изминатите два дена.
Сизмолошката опсерваторија при ПМФ информира дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 12 земјотреси.
Најсилниот земјотрес беше почувствуван вчера во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 7 километри источно од Скопје.
Во серијата земјотреси што во текот на вчерашниот ден го погодија скопскиот регион причинети се материјални штети, а лекарска помош побарале стотина граѓани.
Ново на Сител
-
Александар Глигоровски од Пробиштип е 61-вата жртва на трагедијата во Кочани
-
Таравари: Немаме понуда од „Влен“ да се споиме во една партија, ако тие сами одлучиле, нека го задржат името „Влен“
-
Макрон: Русија треба да престане да ги одложува тактиките и да прифати примирје со Украина
-
Зеленски: Путин не сака крај на војната
-
61-ва жртва на трагедијата во Кочани
-
Во Дуизбург 17 училишта останаа затворени поради закани од екстремната десница
-
Кина: Американските царини се економска „злоупотреба“
-
Телото на Карадакоски донесено во Македонија, утре ќе биде погребан во Кочани