ДУИ: Назначувањето на Богојески за директор е провокација за Албанците во Северна Македонија
Демократската унија за интеграција најостро ја осудува одлуката на Владата за именување на Петар Богојевски за раководител на Агенцијата за европски образовни фондови – институција што има за цел да ги приближува младите кон европските вредности, а не да ги навредува и понижува.
Именувањето на човек кој целата своја јавна и политичка кариера ја изгради со навреди и омаловажување кон Албанците, претставува директна провокација не само за Албанците во Северна Македонија, туку и за самата европска идеја во земјава.
Посебно иронично и трагично е тоа што истиот овој поединец беше предмет на кривична пријава токму од партиите на вЛЕН во Владата – а денес, со нивна поддршка, е награден со водечка функција.
Овој чин е јасен сигнал: навредите кон Албанците не само што не се санкционираат, туку и се наградуваат со државни позиции.
Тоа претставува опасна порака дека секој што сака да гради политичка кариера, доволно е да ја понижува албанската заедница.
Дополнително, доверувањето на управувањето со европски фондови на човек кој не само што упатувал навредливи пораки до Албанците, туку и до самата Европска унија и нејзините вредности, претставува понижување и за европските партнери и за даночните обврзници на ЕУ, кои ги финансираат овие програми.
ДУИ повикува на итно повлекување на оваа срамна одлука и враќање на сериозноста во процесите што се однесуваат на европската интеграција, образованието и соживотот.
Владата не смее да си дозволи да ја претвори државата во сцена за евтини провокации, на штета на соживотот и европската перспектива.
ДУИ
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски