ДУИ: Единствена метода на работа на ВМРО е блокадата
Денес е 24 април, два дена по истекот на “рокот” на ВМРО за “исплаќање” на наводните “пенали” од 53 милиони евра кон Бехтел и Енка.ВМРО секојдневно и со секоја изјава и соопштение потврдува дека е против развојот, градење автопатишта, против НАТО и ЕУ, против Американски компании и против Албанците.Единствена метода на работа на ВМРО е блокадата. ВМРО е против се и секого.ВМРО шири хистерија во јавноста и го плаши народот без никаква основа со замислени и измислени заговори и сценарија.
Ниту се платија 53 милиони евра, ниту се оствари било што од тоа што трвдеше и ветуваше ВМРО.Граѓаните се сеќаваат дека ВМРО ќе победеше на парламентарните избори во 2020 година со 10 пратеници разлика, или пак дека во три наврати за време на овој мандат имаше 61 пратеник да ја сруши владата, а да не потсеќаме дека мигрантите ја “поплавија” Македонија, и слични дневни лаги на ВМРО како денешнава која што ја повторуваат веќе месец дена и никако да се оствари.Автопатиштата не може да ги сопре никој и ништо.Блокадата на коалицијата ВМРО и Левица може само да и одмогне на државата во исполнување на својот дел од обврските.
Демократска унија за интеграција
Ново на Сител
-
31 лице и 5 фирми ќе одговараат за криминали во ЕСМ
-
ФФМ призна дека ФК Силекс е елиминиран од судиите
-
ИЈЗ: Годинава има најмногу болни од грип – наредниот период се очекува намалување на активноста на вирусот
-
Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510, добија само 420 денари
-
Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит