Дуда: Зеленски може да бара, но Полска не може да му даде сè
Претседателот на Полска Анджеј Дуда изјави дека претседателот на Украина може да бара сè, но дека Полска не може да му даде сè. Тој додаде дека полската Влада не може многу да направи за блокадата на границата со Украина и го упати на преговори со полските земјоделци, оценувајќи дека неконтролираниот увоз на украинско жито е европски проблем.
„За Украинците не може да се каже дека се неблагодарни. Тие се во тешка ситуација. Володимир Зеленски може да бара сè, но ние не можеме да му дадеме сè. Можам да им простам за тие зборови бидејќи се под огромен притисок, секој ден таму луѓето умираат“, изјави вчера Дуда за полската приватна телевизија Полсат.
Во врска со последните обвинувања на Зеленски дека Полјаците не се солидарни кога нивните земјоделци и транспортери ги блокираат границите, и последователниот апел на Зеленски до полскиот премиер Доналд Туск да се сретнат заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со цел отстранување на блокадите, Дуда рече дека тоа не е полски туку европски проблем.
„Зарем треба да преговараме со земјоделците за да престанат да протестираат? Според мене, тие се во право. Длабоко чувствувам дека ја поддржував Украина. Му кажав на премиерот Доналд Туск дека е меѓу највисоките функционери во Брисел, ги познава европските претставници. да ги убеди дека тоа е нивен проблем, изјави Дуда.
Во меѓувреме, Туск го отфрли апелот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски за итна средба, по можност денеска, на која евентуално би присуствувала и Фон дер Лејнен, за да се реши ескалацијата на блокадите на границата со Украина поради протестите на полските земјоделци и транспортери.
„Јасно кажав. Не ни треба симболика во нашите односи. Владите на Полска и Украина ќе се сретнат на 28 март во Варшава“, категоричен е полскиот премиер.
Туск потсети дека Полска долго време дава до знаење дека обврска на Влада е да го заштити својот пазар, вклучително и земјоделските производи.
„Предупредивме на заканите поврзани со либерализацијата на трговијата со Украина. Помошта за Украина во војната со Русија е без дискусија. Ќе бараме решение и во преговорите со Украина и европските институции така што помалку да се почувствуваат негативните последици од либерализацијата на трговијата со Украина. Земјоделците можат да сметаат на мене“, рече Туск на вчерашната прес-конференција во Варшава.
Зеленски, по се позачестените немири на протестите на полските земјоделци и откако демонстрантите го фрлаа житото од украинските камиони и вагони на патиштата или железничките пруги, иако во транзит за други пазари, ги обвини Полјаците за недостиг на солидарност со земјата зафатена од војна. Претставниците на двете влади дури разменија закани дека ќе стават целосно ембарго за увоз на стоки од другата земја.
Ново на Сител
-
Заврши општата расправа за законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишат на кој било факултет
-
Мицкоски: Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари
-
Муцунски: Инвестиции, инфраструктура, подобар живот – надворешна политика што носи резултати
-
Социолошки поглед за модерен Центар | Горан Герасимовски | Неформално | Sitel Podcast 105
-
Владата со препорака за работодавачите во врска со топлотниот бран
-
САД по третпат го напуштаат УНЕСКО
-
Три лица се хоспитализирани - изгаснат пожарот што избувна во Кочани | ВИДЕО
-
Кремљ: Не очекуваме напредок во мировните преговори со Украина