Државниот инспекторат за земјоделство фати 28 рибокрадци
При вонреден инспекциски надзор од Државниот инспекторат за земјоделство фатени се 28 лица како вршат рекреативен риболов на клен и крап во близина на вливот на Беличка река во река Треска и кај рекреативната зона „Акумулација Козјак” во време на забрана за лов. Притоа одземени се и девет рибарски мрежи со вкупна должина од повеќе од 500 метри.
Како што соопшти Државниот инспекторат за земјоделство, вонреден инспекциски надзор е извршен на 13 и 14 мај годинава на риболовниот ревир „Треска 2”, на потег околу вливот на Беличка река во река Треска и рекреативната зона „Акумулација Козјак” по целокупната брегова линија.
Во акцијата е одземен риболовен алат, мрежи и риби, кои со потврда за привремено одземени предмети се на чување во ЈПУЗПП „ЈАСЕН”.
Државниот инспекторат за земјоделство, исто така, ги информира сите риболовци во Македонија дека е неопходно да го почитуваат Законот за рибарство и аквакултура и неговите подзаконски акти, како и да се придржуваат на забраните за риболов поради мрестот на рибите.
Ново на Сител
-
66-годишен велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Илинден
-
Курбан Бајрам одбележуваат припадниците на муслиманската вероисповед
-
Во Владата истакнат премиерски портрет на Џафери
-
Објавени правилата на дебатата меѓу Бајден и Трамп, која ќе се одржи на 27 јуни
-
Фидан: Мировниот предлог на Путин е трошка надеж
-
Голем шумски пожар северно од Лос Анџелес, издадена наредба за евакуација
-
Честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празникот Курбан Бајрам
-
Обвинети во притворен центар во Русија зеде двајца полицајци како заложници