Државата бара отштета од обвинетите во случајот „Шпански скали“
Државното правобранителство најави отштетно побарување во случајот „Шпански скали”. Преставникот на Државното правобранителство, Елена Саздовска, во своето обраќање пред судот посочи дека во име оштетената Република Северна Македонија, најавува отштетно побарување од обвинетите во износ од над 163.000.000 денари.
Застапникот за Државното правобранителство, воедно посочи дека отштетното побарување е засновано во обвинителниот акт и во вештиот наод и мислење на вештите лица.
Судењето за овој предмет го води судијката Фанка Јанчулева – Михаичовска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Ивана Трајчева.
Проовинетиот Миле Јанакиевски, коментирајќи го барањето на Државното правобранителство наведе дека за 50.000.000 денари е поголема сумата од тоа што се најавува како отштета и извештајот на вештите лица.
Во случајот „Шпански скали“, освен Миле Јанакиески, обвинети се и Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов. Сите се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на скопскиот плоштад ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини