Дронови извеле напади врз нафтени постројки во Саудиска Арабија, пожарите изгаснати
Саудиска Арабија денеска соопшти дека две големи нафтени постројки во земјата биле нападнати од дронови, што предизвикале пожари, но не се наведува кој стои зад нападите.
Американските медиуми наведуваат дека јеменските бунтовници од племето Хути претходно изведуваа вакви или слични напади, но денеска не ја презедоа одговорноста за нападите.
Пожарите избувнаа во постројки на компанијата за преработка на нафта Арамко и на нафтеното поле Хураис.
Пожарот во Арамко веќе е ставен под контрола, јави државната телевизија Ал Арабија.
На видео снимките снимени во Бакјака, на истокот од земјата, се гледаат пламени јазици и чад што се крева во воздухот, а во заднината се слушаат истрели од оружје.
Саудиската нафтена компанија Арамко тврди дека ова апостројка е најголемата фабрика за стабилизација на сировата нафта во светот. Фабриката и во минатото беше цел на напади на милитантите.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати
-
Владата најавува системско решение за Ѓавато и Дојранското Езеро
-
Дали Стоматолошката комора работела незаконски ќе испитува Обвинителството