-->
-->
Драма во суд, обвинет ја фати судијката за врат и ја поли со бензин!
-->
Обвинетиот Хосе дос Сантос (36) од бразилкиот град Сао Паоло ја фати судјката Татјана Мореира Лима и ја зеде како заложник кратко време пред почетокот на судењето во кое тој бил обвинет за семејно насилство.
Стравичниот инцидент во судницата траел околу 20 минути, а се со камера снимал еден од полицајците.
Сантос судијката ја полил со бензин и држејќи запалка во раката се заканувал дека ќе ја запали ако не го прогласи за невин поради нападот на сопругата.
Сантос наводно планирал и да стане првиот бразилски бомбаш самоубиец, а во ранецот носел и молотови коктели.
Кога пристигнал во судницата запалил мал пожар на влезот и успеал да избеа на полицајци кои пукале на него. Тогаш влегол во канцеларија на судијката, ја фатил за врат и ја полил со бензин. Ја фрлил на под, клекнал и и кажал дека сака да го ослободи бидејќи тој не е насилен човек.
Тогаш прашал дали може некој од полицајците да го снима бидејќи сака да го има на телевизија.
Наредил на судијката гласно да каже дека не го смета за луд.
- Не си луд - повторувала судијката додека тој ја држел цврсто на подот, а тој пред сите ја натерал да вели дека не е виновен.
Потоа го повикал полицаецот да дојде поблиску да го снима за да се обрати на својата ќерка
- Диана, тато те сака и вистината наскоро ќе излезе на виделина. Не сум гад, твојот татко е невин.
Тогаш го натерал полицаецот да ја сними уплашената судијка која повторувала дека Сантос не е крив.
Додека Сантос мислел дека телевизиска екипа во секој момент ќе дојде, полицајците спремале напад, за да ја одбранат судијката.
Во момент на конфузија, полицајците успеале да го совладаат со противпожарен апарат.
Судијката е одведена на сигурно, а напаѓачот уапсен. Тогаш полицајците во неговиот ранец откриле рачно изработена бомба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сити ги осуди расистичките навреди упатени кон Кајл Вокер
-
Намалена видливост поради магла кај патот Маврово - Маврови Анови и планинските превои Ѓавато и Плетвар
-
Трамп сака крај на војната во Украина и во Појасот Газа
-
Без струја утре дел од општините Центар и Карпош, без вода дел од Центар и Гази Баба
-
Полицијата влезе во Судски совет по наредба на ОЈО
-
Јермак: Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за завршување на војната
-
Зеленски ги посети украинските сили во близина на фронтот на југот од земјата
-
Директорот на БЈБ Александар Јанев учесник на второто Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции за земјите од ЈИЕ - СЕПКА